Македонија
(Видео) Димковски: Со Интервентниот план ги поддржуваме земјоделците во време на криза
Во овие кризни времиња, кога цената на житните култури и храната воопшто, досегаат историско највисоко ниво, многу важно е да го зголемиме домашното производство на храна, посочи на денешната прес-конференција Трајан Димковски, член на Комисијата за земјоделие на СДСМ.
Тој нагласи дека во овој контекст Владата го донела Интервентниот фонд за земјоделство вреден 400 милиони денари со цел да им помогне на одгледувачите на житни култури.
„Фондот предвидува директна поддршка за набавено вештачко ѓубре субвенција за набавка на вештачко ѓубриво којашто ќе изнесува 40% или 4.000 денари по хектар за пченицата и за пченката и нова интервентна субвенција од 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед.
Оваа недела се исплатија близу 112 милиони денари субвенции на над 5.600 млекопроизводители а претходно, пред десеттина денови, исплатени се над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.
Покрај поддршката за земјоделците важно е да се истакне и дека вложуваме во подобри и во значајни инфраструктурни проекти за земјоделството.
Започна изградбата на системот за наводнување на Селска река во Конопница, а воедно во изградба се и другите два системи за наводнување во Бишица и Теарце.
Изградбата на овој мал систем за наводнување, ќе придонесе кон зголемување на земјоделското производство во овој регион и ќе овозможи наводнување на нови 42 хектари обработливо земјоделско земјиште на локација во селото Конопница, а системот ќе го користат повеќе од 100 земјоделци“, посочи Димковски додавајќи дека инвестициите ќе продолжат со цел земјоделското производство да се зголеми и да стане уште поконкурентно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.
Македонија
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
Вчера на улицата ,,Киро Ристовски-Дрнц” и на улица „Маршал Тито” во Тетово биле оштетени билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.
Македонија
Демократски сојуз предлага платите на полицајците да бидат колку оние на обвинителите и судиите
Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.
Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, како што велат од патијата, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.
„Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари“, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
Предлагаат двојно зголемување на платите на полицијата и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.