Македонија
(Видео) ДУИ: Скандал – 380.000 евра за браварско-заварувачки услуги од нелегитимната Влада во ЕСМ
Денеска преку прес-конференцијата за медиуми ДУИ објави нов скандал за како што велат „корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди“.
„После скандалот со набавките на цвеќиња за 9000 денари за едно парче од страна на Бурим Латифи- прв братучед на Изет Меџити и Директор на Мепсо, денеска објавуваме нов скандал на корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди.
И тоа, за Фатмир Лимани- Браварот кој преку Претседателот на огранокот и воедно управител на РЕК- Осломеј реализирал тендер за браварско-заварувачки услуги иако РЕК- Осломеј има над 1000 вработени“, велат од ДУИ.
„За скандалот да биде уште поголем, вредноста на трите тендери со две фирми опфаќа вредност од над 23 500 000 денари или над 380 000 Евра.
Тоа значи дека скоро 30 Евра за еден час работа за браварски услуги или поинаку кажано за да се смени брава. Имено, ЕСМ со овој скандалозен договор ќе треба да плати 1780 денари за час работа за горенаведените услуги.
Овој договор, освен корумпиран не може да биде поинаков, затоа ги повикуваме надлежните органи да постапуваат за вакви криминални договори кои се реализираат од страна на неспособните управители“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

