Македонија
(Видео) Жители и иселеници го слават Велигден во црквата св. Ѓорѓија во Струга

Црквата св. Ѓорѓија во Струга беше преплавена со верници за Велигден. Голем број верници во храмот ја дочекаа веста за Христовото воскресение. Жителите на Струга, заедно со иселениците кои празничните денови ги минуваат во родниот крај, си го честитаа празникот со „Христос воскресе – Вистина воскресе“.
Во црквата се одржа литија, во рамки на чествувањето на празникот. Потоа се читаше и од светото Евангелие по Марко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маж од Прилепско загина по удар од гром

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина Прилеп.
За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.
Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.
Македонија
СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

„Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата“, велат од СДСМ.
„До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава – не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата!
Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.
Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците.
Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста?
Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.
Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.
Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.
Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани“, соопшти СДСМ.
Македонија
ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ интервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“. Но проблемот не е неуспешниот политички експеримент. Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици“, велат од ДУИ.
„Историски, најрепресивните режими во регионот – особено тој на Милошевиќ – ги користеле Албанците од Северна Македонија како инкубатор за тестирање на политики кон „албанското прашање“.
А она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ.
Денес сме сведоци на нов бран експерименти:
Дали е експеримент обидот за нормализирање на влада без албанско мнозинство, без мандат и без правична застапеност?
Дали е експеримент поставувањето на проруската фигура Стоилковиќ на чело на Охридскиот рамковен договор?
Дали беше експеримент манипулацијата со резултатите од пописот, исклучувањето на дијаспората и намалувањето на процентот на Албанци од 29.3% на 24.5%?
Дали е експеримент оспорувањето на уставноста на Законот за јазиците пред Уставниот суд, за да се види колку долго ќе молчат Албанците?
Дали е експеримент укинувањето на балансерот и оставањето на институциите на милост и немилост на министри и директори со антиалбански ставови?
Дали е експеримент тоа што инспекторите за албански јазик не добиваат плата со месеци, со цел да се откажат и да се демонтира механизмот за спроведување на законот?
Сето ова не е ниту грешка, ниту случајност.
Тоа е модел – тестирање на границата на трпеливост кај Албанците.
Но вистината е дека додека се обидувате да експериментирате со Албанците, вие самите станавте експеримент на еден хибриден политичко-олигархиски блок – коалиција на интереси и темни агенди која ве користи за да го демонтира системот изграден врз еднаквост и соживот.
Овој експеримент ќе пропадне. Како што пропаднале сите претходни. Но овојпат, ќе пропадне заедно со вас“, соопшти ДУИ.