Македонија
(Видео) Заев: Државата ни е во комплицирана состојба, изборите се најдобро решение
Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, со распуштено Собрание и со техничка Влада која имаше мандат за организирање на предвремени избори на 12 април, рече претседателот на СДСМ по состанокот на Регионалниот изборен штаб во Изборна единица 4.
Тој нагласи дека потребно и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почеток на летото, бидејќи во ваква ситуација истите значат решение, а не проблем.
„Спроведувањето на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт“, порача претседателот на СДСМ.
Заев напомена дека сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да водат прилагодени, контролирани, нов тип на кампањи, со сите мерки на заштита и без масовни настани.
„Уверени сме дека институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето. Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе биде гаранција дека слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна“, порача лидерот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

