Македонија
(Видео) Заев именува претседатели на 30 општински организации, половина од нив се стари имиња
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на општински организации на СДСМ, соопшти портпаролот на партијата, Костадин Костадинов. Половина од назначените се новоименувани.
Ова се имињата на новите претседатели на општинските организации:
1.Струга – Соња Стојкоска
2.Штип – Александар Кангалов
3.Ѓорче Петров – Александар Гиновски
4.Карпош – Марија Ѓоргиевска
5.Крива Паланка – Михаил Дејановски
6.Росоман – Ленче Стојанова
7.Свети Николе – Елизабета Јованчева
8.Кочани – Гоце Серафимов
9.Лозово – Антонио Ангелковиќ
10.Виница – Тони Велков
11.Пехчево – Славчо Пандурски
12.Брвеница – Даниел Антовски
13.Кратово – Горан Ковачевски
14.Шуто Оризари – Ферат Асан
15.Ново Село – Живко Георгиевски
16.Чашка – Горан Стојановски
17.Берово – Јован Матеничарски
18.Делчево – Влатко Величковски
19.Крушево – Трајче Калески
20.Ресен – Атанас Табаковски
21.Теарце – Лазар Ѓоргиевски
22.Куманово – Мартин Костовски
23.Ранковце – Христина Младеновска
24.Центар – Горан Герасимовски
25. Чучер Сандево – Ацо Ушковски
26. Богданци – Никола Страторов
27. Конче – Благој Илиев
28. Радовиш – Коле Чаракчиев
29. Дебар – Азем Фејзоски
30. Охрид – Лазе Таневски
Костадинов најави дека во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите општински организации, а ќе се заокружат и промените во централното раководство на партијата.
Тој кажа дека наскоро ќе следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

