Македонија
(Видео) Заев: Инвестираме во изградба на инфраструктурата, градиме по план за граѓаните и за државата
„Инфраструктурата за една држава значи економски развој, ама значи и социјален стандард и достоинствен живот.Од тоа дали има добар пат за брз превоз на земјоделски производи од село во град, зависи судбината и заработката на земјоделецот. Од тоа дали има добар пат и добар ургентен центар може да зависи животот на некој пациент. А од тоа дали има вода и канализација може да зависи квалитетот на животот на цели семејства.Па дури и од ваков мост како овој позади нас, заради кој сме и тука, зависи безбедноста на граѓаните да си ги извршуваат секојдневните задачи. До него се гледа стариот кој сведочи за годините негрижа на претходната власт“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Кавадарци.
„Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи како оваа со коронавирус, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат наново од нула. Кога пред три години ја презедовме одговорноста да ги водиме институциите, не дочека инфраструктурен хаос и негрижа.
Декада криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, парите да се трошат на стиропор, барок и споменици оставија тешки последици врз инфраструктурата, и промашени траси и тунели на кои едвај чаре им се наоѓаше.120 милиони беше финансиската штета само од автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Парите на граѓаните ги есапеле како расипници, а не како домаќини. Трошеле како да ќе нема утре“, рече Заев.
Според него, со чесен, домаќински, транспарентен пристап почнавме со надминување на напластените проблеми и влеговме во развој и унапредување на инфраструктурата.
„Резултатите се конкретни и видливи. Денес се гради низ целата држава во сите региони подеднакво. Денес, речиси и да нема општина во државата во која во овие три години не е изграден или не е почнат со изградба некој капитален инфраструктурен проект.
Го решивме проблемот со автопатот Кичево-Охрид и обезбедивме дополнителни финансиски средства за реализација на проектот. Ги решивме наследените проблеми, го завршивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци – Штип. Градиме и експресен пат Штип – Радовиш кој треба да биде готов во 2022 година. Го изградивме експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14,3 километри, откако претходно ги решивме проблемите со експропријација, и за некои 10-тина дена би требало да е спремен. Активно се гради експресниот пат Крупиште – Кочани и за помалку од една година Штип и Кочани ќе подобро поврзани. Истиот тој пат ВМРО-ДПМНЕ го пишале во програма дека ќе го завршат. Очигледно е дека и на исток исто како во Битолско не ги знаат патиштата. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир“, вели Заев.
Тој додава дека се инвестира и во железницата, сектор кој комплетно беше заборавен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наследивме проблем со изградбата на пругата Битола – Кременица, го решивме и тој проблем и ја изградивме пругата во должина од 16 километри и вкупна вредност од 21 милион евра. Три години градиме по план. За да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, за да обезбедиме силен локален економски развој во секоја општина. Комуналната инфраструктура е важна за унапредување на квалитетот за живот на граѓаните и затоа сериозно вложуваме во неа. Низ целата држава, за три години изградивме преку 400 километри водовод и канализација. А во некои населени места за првпат се решава проблемот со вода за пиење.За три години се изградија и се пуштија во употреба пречистителни станици во Гевгелија, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кичево и Кочани. По целата земја градиме и ќе продолжиме да градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња. Првпат по повеќе децении, инвестираме и во колекторскиот систем во Охрид, за да си го зачуваме драгоценото Охридско езеро.
Важна ни е природата, важна ни е животната средина и затоа сме посветени на гасификација на државата, за да имаме почист воздух и здрава животна средина.Во 2019 и 2020 година, и во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години. . Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом.
Ова, почитувани е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните, но и за идните генерации. Градиме за нашите најмали, досега изградени, реконструирани, проширени и опремени се 44 објекти на детски градинки низ целата држава. Инвестираме и во изградба, реконструкција и модернизација на над 30 објекти во јавното здравство, кое денес е главен предводник во борбата со коронавирусот и е буквално најважниот сектор.
Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.Можеме уште повеќе болници, градинки и училишта. Можеме уште подобро поврзување, на селата со градовите и на земјава со соседите.Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци. Гасот како енергенс го носиме до домовите и компаниите. Уште повеќе за почист воздух, уште подобро за пониски сметки за енергија.
Продолжуваме со изградба на нови пречистителни станици, на нови водоводи и канализации. Развојот да го подигне стандардот на највисокото ниво. Градиме модерен нов Клинички центар во Скопје за уште повеќе да го зајакнеме здравствениот систем. Ова е нашата понуда пред граѓаните. Ова се решенија за проблемите, решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.Граѓаните го препознаваат овој искрен, чесен и домаќински пристап на СДСМ и Коалицијата „Можеме“Затоа, на 15 јули масовно ќе застанат зад нашиот концепт за развој и ќе гласаат за број 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за развојот на инфраструктурата да продолжи уште повеќе“, истакна лидерот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија
Амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска беше полн – претставници од Министерството за здравство, деканот и продеканите на Медицинскиот факултет, раководители на катедри, голем број професори, доктори, специјализанти и претставници на студентски организации присуствуваа на свечената промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија, со што се испиша историја во македонската психијатрија.
Уредници на првиот акредитиран учебник „Психијатрија“ се проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, проф. д-р Антони Новотни и проф. д-р Димитар Боневски. Тие се и автори на учебникот „Медицинска психологија и социологија“, заедно со Андромахи Наумовска, виш научен соработник.
Промоцијата на двата учебника ја отвори деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, кој рече дека учебниците ќе остават траен белег во наставата по психијатрија и ќе претставува значаен чекор напред во развојот на психијатриската наука во Македонија.
„Ова е историски момент, затоа што се темели на основите поставени од нашите професори од почетоците на психијатријата во Македонија. Ова се први учебници што се акредитирани и имаат академско, научно и практично значење“, рече Арсова Хаџи-Анѓелковска, директорка на Клиниката за психијатрија и автор на учебниците.
„Информации има насекаде, често расфрлани, без контекст, без тежина, без проверка. Учебникот е нешто сосема друго – тоа е знаење, со вткаено искуство, структура, логика, клиничко размислување, сомнежи, одговори, приоритети – тоа е учебникот што се обидувавме да го направиме и се надевам така ќе го доживеат нашите колеги“, рече во своето обраќање проф. д-р Антони Новотни.
Во однос на учебникот по „Медицинска психологија и социологија“, авторите кажаа дека станува збор за издание кое треба да го прочита секој доктор, бидејќи станува збор за водич за целосно разбирање на пациентите – како личност со своја историја, ставови, надежи и ресурси и дека тука лежи суштината на медицинската психологија – во спојот меѓу науката и човечноста.
Во знак на благодарност за минатиот труд и придонес во развојот на катедрата и наставата, директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, Славица Арсова им додели благодарници на професорите во пензија од Универзитетската клиника за психијатрија и на рецензентите, за значаен придонес во развојот и унапредувањето на психијатријата.
Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.

