Македонија
(Видео) Заев: На ниво на цела држава победуваме со разлика до 50.000 до 120.000 гласови
Во изборната единица 3 ќе покажеме дека политичари кои не калкулираат со својот рејтниг, не се водат од популизам, туку напротив, му служат на својот народ и прават се за својата татковина, ја заслужуваат и ја добиваат довербата на изборите, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев.
„Како што им ветив и пред една година на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победиме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови, разлика на ниво на цела држава. Нашата понуда и во изборната едница 3 и низ целата држава е понуда на чесни, одговорни личноста. Покажавме дека можеме повеќе, можеме подобро, покажавме дека правиот пат нема алтернатива, тие се трите работи кои ќе донесат победа во изборна единица три и во сите други изборни единици“, посочи претседателот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

