Контакт

Македонија

(Видео) Заев на состанок со Борисов: Двете земји се пример за новата реалност на Балканот

Објавено пред

Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот, изјави премиерот Зоран Заев по состанокот со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, што се одржа денеска во Софија.

dobivaj vesti na viber

„Имплементацијата на сите точки од договорот оди многу добро. Економската соработка никогаш не била подобра. Имаме стабилна трговска размена од над 500 милиони евра, со пораст од 12% во 2018 година и нема да престанеме додека не стигнеме трговска размена од 1 милијарда евра, што побрзо“, изјави Заев по средбата.

Премиерот најави дека во тек е договарање на втората меѓувладина седница на двете земји која треба да се одржи во декември во внатрешноста на Република Бугарија и на која ќе се разгледуваат новите перспективи на соработка и ќе се констатираат досегашните реализирани проекти. Тој изрази особена радост за интензивирањето на прекуграничната соработка, отворањето на новите заеднички гранични премини и двата гранични премина кај Пехчево – Симитли и Делчево – Невестино.

„Континуитетот на изградбата на патната и железничката инфраструктура на коридорот 8 продолжува,  буквално од Скопје до бугарската граница три компании градат огромна патна инфраструктура, првата делница од железничката инфраструктура исто така завршува, во моментов во тек е изборот на техничкиот дел од изборот на втората делница од железничката инфраструктура којашто Скопје го поврзува со Софија“, соопшти Заев и додаде дека се работи на проектната документација на уште едно гасоводно поврзување помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, помеѓу Петрич и Струмица.

Премиерот рече дека ваквиот зголемен интензитет на соработка на заеднички проекти меѓу другото е резултат на огромната поддршка што Република Бугарија ѝ ја пружа на нашата земја, посебно во нашите амбиции за ЕУ и НАТО-интеграција.

„Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот. На две соседни земји кои ги надминаа минатите делби и создадоа меѓусебни односи на блиски пријатели и на меѓусебни односи на доверба. Воедно сакам да ги информирам граѓаните на Бугарија дека интензивно работиме на отворањето на комплетната инфраструктура и пристапност до локацијата на споменикот на полковник Каварналиев во областа на Дојран. Истовремено по завршување на поставувањето на споменикот на полковникот Каварналиев во областа на Дојран, којшто беше уништен низ годините наназад, ќе ја возобновиме и плочата на Кајмакчалан. Тоа не е обврска од договорот, тоа е обврска од пријателството, тоа е обврска на сите нас да ги зближиме двата народи и нашите земји, да продолжи соработката“, изјави премиерот Заев.

Тој рече дека со Република Бугарија заеднички одбележуваме празници, датуми и ликови и заедно ги празнувавме празниците посветени на светите браќа Кирил и Методиј на 24 мај во Рим, споделивме заедничко празнување на Илинден и во Скопје и во Благоевград и објави дека заедничката мултидисциплинарна експертска комисија  веќе има одржано два состанока, а третиот е закажан за крајот на ноември.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Објавено пред

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во село Блатец, обвинувајќи за незаконско пролонгирање на роковите и игнорирање на волјата на локалното население кое како што рече „веќе една деценија со своите тела, со един вид жив штит, си ја бранат реката и правото на незагадена природа и вода“.

dobivaj vesti na viber

Крмов истакна дека концесијата за изградба на хидроцентралата во 2012 година е доделена на фирмата „Енерџилукс ДООЕЛ Штип”, основана само два месеца претходно, а е всушност ќерка фирма на текстилната фабрика „Виза Фешн“ од Штип. Тој истакна и дека договорот предвидувал започнување со комерцијална работа во рок од три години од ефективниот датум, а тоа е 23.12.1212 година.

„Имаме ситуација во која концесионерот не ја исполнил обврската да започне со производство во предвидениот рок, а наместо раскинување на договорот, рокот е продолжуван дури тринаесет пати“, рече Крмов и додаде дека во меѓувреме, односно во 2020 година, ситуацијата се менува и од штипска фирма таа станува кочанска фирма во сопственост на „Атом Сантех“ ДОО Кочани.

Тој се повика на член 33 од договорот, според кој Владата може да ја раскине концесијата доколку инвеститорот не ги исполни обврските. Исто така нагласи дека Владата може еднаш да го пролонгира рокот и доколку и тогаш не се отпочне со производство Владата треба еднострано да ја раскине концесијата. Во овој случај, како што истакна пратеникот и покрај повеќекратните пролонгирања, договорот не е раскинат.

Крмов посочи и на извештај од 2014 година во кој, како што рече, било минимизирано влијанието на хидроцентралата врз водоснабдувањето на селото.

„Помеѓу зафатот на централата и машинската зграда се наоѓа зафатот за водоснабдување на селото Блатец. Треба да веруваме дека изградбата нема да влијае врз водата што ја користат над илјада жители“, рече Крмов, додавајќи дека не биле земени предвид ниту системите за наводнување, малите акумулации и локалните стопански капацитети.

Крмов посочи дека жителите на Блатец со години организираат деноноиќни блокади за да ја спречат изградбата и се единствените кои во целиот процес се исклучени и укажа дека Владата на седница од март 2025 година само за 20 минути разгледата шест договори за концесија на мали хидроцентрал и на сите им бил продолжен рокот, меѓу кои и на хидроцентралата на Блатешница.

„Не гледам друг начин инвеститорот да започне со работа освен на сила. Се надевам дека нема со сила да ги рушите барикадите“, рече Крмов.

Во обраќањето тој се повика и на природното право на локалното население. „Тие луѓе со генерации живеат таму и пијат вода од таа река. Тие се најповиканите кога се носат одлуки што директно влијаат вр нивниот живот, а не профитот да биде пред сѐ, нагласи пратеникот.

На крај упати директно прашање до премиерот: „Дали ќе се одважите конечно да застанете на страна на жителите на Блатец и ќе ја поништите концесијата за малата хидроцентрала, особено ако и овој тринаесети рок биде прекршен на 7 март годинава?“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби. Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан“, велат од СДСМ

dobivaj vesti na viber

„Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ. Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.

Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка. Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.

Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?

Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.

Исто како во времето на Никола Груевски.

Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион45 минути

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 час

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет2 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет2 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа2 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија18 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија19 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија20 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија21 час

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија22 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа22 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија23 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион23 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет24 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија24 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија24 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија1 ден

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет1 ден

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...