Македонија
(Видео) Заев од Кавадарци: Понесете ја најубавта насмевка и излезете на гласање
Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев синоќа во Кавадаци на граѓанската трибина во организација на коалицијта „Заедно за Европска Македонија“ ги поздрави граѓаните со пораката дека нашата иднина е во Европска Македонија и ги повика кавадарчани да ја зграпчат историската можност позитивно да одлучат за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО со што ги осигуруваме и обезбедуваме безбедноста, трајниот мир, економскиот просперитет и стабилност на нашата државата.
Говорници на граѓанската трибина беа и актерот Љупчо Бубо Каров и пејачката Кристина Арнаудова кои ги повикаа своите сограѓани да ја дадат поддршката и да излезат на гласање на референдумот за Европска Македонија.
„Јас сакам да ве повикам на 30 септември да излезете на гласање. Од сабајле кој пие кафе, пие, да си испие кафенцето, да си се дотера со најубавата облека, да си ја понесе најубавата насмевка со себе, да оди на гласање, да се врати и да си ги гушне децата дома и да знае дека донел вистинска одлука и за своите деца, и за својата Македонија.“ повика премиерот Заев.

Зборувајќи за важноста на референдумското изјаснување на граѓаните на 30 септември, Заев рече дека станува збор за историска одлука за која во иднина со гордост треба да ги погледнеме нашите деца во очи дека сме им ја обезбедиле иднината во Европска Македонија.
„Ќе може да ги погледнеме децата наши во очи и да им кажеме: Ќерко, синко ние ја обезбедивме иднината тогаш кога требаше. Го направивме чекорот, донесовме одлука, обезбедивме перспективи за вас децата. Еве денеска вие живеете убаво, перспективно, може да се образувате каде сакате во Европа, може да имате рамноправен третман со сите млади луѓе како што го има по цела западна Европа“ порача Заев.
Премиерот Заев ги повика сите граѓани заедно да одржиме лекција со референдумот за Европската Униај, за верба во европски вредности и како што рече уште еднаш да и помогнеме на Европа.
„Што имала Македонија да и даде на Европа? Дава веќе Македонија на Европа. Дава европски манири, дава европски однос, дава љубов кон Европа. Дава верба во владеење на правото, закони да важат еднакво за сите, во севкупни човекови права и слободи, во севкупната слобода вклучително и слободата на медиумите, во професионална безбедност, комплетно Европа добива и од нас од нашата верба.“ зборуваше премиерот Заев пред граѓаните на Кавадарци на граѓанската трибина оргнизирана од коалицијата „Заедно за Европска Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

