Македонија
(Видео) Заев: Регионот се соочува со предизвици, потребна е јасна перспектива во НАТО и ЕУ
„Нашата Армија и досега, посредно, учествуваше во мисијата „КФОР“ преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.
Оваа мисија, сепак има посебно значење Армијата, бидејќи за прв пат директно учествува во мисијата „КФОР“ како 30-та земја членка на НАТО, како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот“, рече тој.
„Армијата на Република Северна Македонија, синонимот и чуварот на македонскиот суверенитет и државност, ја докажа својата подготвеност, интер-оперативност и способност за извршување на најтешки задачи, во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисиите „Слобода за Ирак“, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина“ и „Унифил“ во Либан.И до сега, и понатаму како членка на НАТО, Северна Македонија и нејзината Армија свечено ја преземаат обврската во континуитет да го даваме нашиот придонес во безбедносни предизвици што стојат пред НАТО.
Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник. Ќе продолжиме да се вклучуваме во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодуваме на безбедносните приоритети.И покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, остануваме доследни на исполнување на обврската да го зголемиме буџетот за одбрана за 0,2% и да достигнеме 2% од БДП до 2024 година. Важен дел од ова издвојување, околу 50%, се за подобрување на стандардот на професионалците од Армијата, 30% се предвидени за повеќе и подобри обуки и тренинзи, а околу 20% се наменети за модернизација на Армијата.Со тоа ќе ги зајакнеме капацитетите и можностите на нашата армија со подобрување на професионални стандарди на нејзините припадници, и со тоа ќе го зголемиме нашиот придонес за интер-операбилност со другите сојузници во НАТО“, рече Заев.

Според него, припаѓаме на регион кој сè уште се соочува со различни предизвици и затоа сме убедени дека постои потреба за негова јасна перспектива во НАТО и ЕУ.
„Западен Балкан не е изолиран остров. Тој е неразделно поврзан со западноевропските и трансатлантските вредности.Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог, преку структурирање на регионални активности и иницијативи.Како никогаш порано, нашиот регион е во можност да ја искористи таквата платформа што произведува ефект на поврзување заснован на заедничката волја да се стреми кон евроатлантска интеграција.И ова учество на Армија на Северна Македонија во Мисијата КФОР е нашиот придонес во таа насока“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

