Македонија
(Видео) Заев: Со овој референдум ќе ја обезбедиме иднината на државата за која масовно се изјаснивме во ’91
Да нема дилеми, на 30. септември народот ќе излезе во огромно мнозинство „за“ европска Македонија, оцени премиериот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на денешната трибина во Валандово.
Тој им порача на граѓаните да се чувствуваат гордо затоа што договорот со јужниот сосед го потврдува вековниот стремеж за потврден и признаен македонски идентитет и јазик, што ја обезбедува иднината на децата.
„И во 1991 година имавме дилеми дали може да се организира државата, но масовно излеговме на референдумот за независна Македонија. Со овој референдум, ќе ја обезбедиме иднината на државата. Стандардот е на ниско ниво. Ако сакаме голем скок напред, мора да ги донесеме одлуките. 27 години политичарите не случајно зборуваат за ЕУ и НАТО. Ние денес, градејќи пријатели со соседите изградивме пријателства со меѓународната заедница. Раката е подадена. Тоа е можност да одиме напред со демократски развиениот свет“, рече Заев пред присутните во Валандово.

Тој ги објасни придобивките за младите и граѓаните, со членството на Македонија во ЕУ и НАТО, односно кажа дека нашата земја ќе влезе во огромниот европски пазар, а тоа ќе значи нови работни места, повисоки плати, како и пласман за еколошките и здрави земјоделски.
„Во убаво време, за неколку години, ќе можеме да ги погледнеме децата и ќе им кажеме, за вас донесовме одлука за европска Македонија“, истакна премиерот Заев.
Градоначалникот на Валандово, Перо Стојанов рече дека европско Валандово ги поддржува политиките на градење перспективи и повика на референдумот граѓаните да излезат и да го осигураат посакуваниот просперитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

