Македонија
(Видео) Заев: Спроведуваме правда, а не политички реваншизам
Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Билен Саљији, присуствуваше на отворањето на дводневниот форум за владеење на правото во Југоисточна Европа во организација на Civil Rights Defenders и AIRE centre. На форумот Заев имаше свое обраќање пред присутните, судии и правници, меѓу кои актуелни и бивши судии од Европскиот суд за човекови права.
„Оваа земја беше заробена држава, а владеењето на правото беше избркано од демократскиот систем и правната држава. Од пред нешто помалку од една година актуелната влада и владините политики настојуваат да вратат нешто што е во генетскиот код на граѓаните. Нешто што е составен дел од модерна Европа. Тоа нè прави она што сме – граѓани еднакви пред правото и правдата“, рече премиерот Заев и додаде: „За Владата што ја предводам, во време кога правиме сериозни исчекори на политички, социјален и на економски план, во судирот со искушенијата и предизвиците со кои се справуваме – владеењето на правото е нашата константна. Нашата рамка водилка од која нема отстапувања“.
Премиерот посебно нагласи дека зборовите искажани на јавни настапи и зборовите на хартија треба да оживеат во практиката на владеењето на правото и дека за да биде цврсто утврдено владеење на правото, граѓаните треба да видат дека сите институции на државата – не само оние на правдата и безбедноста – се таму за да им служат токму нив, на граѓаните.

„Справувањето со сторителите е сложено: треба да се види дека правдата треба да се спроведе, а истовремено новата политичка и владејачка гарнитура мора да гарантира дека кршењата на човековите права нема да се повторат и дека се спроведува правда со владеење на правото, а не политички реваншизам“, рече премиерот.
Уверувајќи дека враќањето на правната држава и владеењето на правото го има како една од неговите приоритетни задачи, на која приоѓа со најголема одговорност, премиерот нагласи дека искуството од скорешното минато низ кои поминаа граѓаните на оваа земја во, како што рече, заробената држава, дава едно ново значење на заштитата на нашите основни вредности, на основните човекови права, на демократијата и на владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

