Македонија
(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да ја издржи казната изречена од судот, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.
„Сакам да истакнам дека и многу ексминистри, кои биле луѓе блиски до оваа власт, ги издржуваат своите казни или се на суд. Имаме многу случаи што потврдуваат дека владеењето на правото е еднакво за сите. Во нашата земја секој коментар може да иницира истрага. Антикорупциската комисија има комплетна независност и тоа е потврдено во сите извештаи. Имаме целосна независност и на судските органи и на органите на прогонот. Побаравме одговорност и од судиите и 12 судии се отповикани поради лошо работење во својот мандат“, рече премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.