Македонија
(Видео) Почна кампањата „И родителството се учи“ за поддршка на родителите
Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската Унија и Уницеф, денеска почнаа кампања насловена како „И родителството се учи“, соопштија од Владата, од каде додаваат дека кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви и успешни деца.
„Родителството не е секогаш лесно. Љубовта доаѓа природно, но сите докази ни кажуваат дека успешното родителство се учи“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
„Со оваа кампања сакаме сите членови на општеството да соработуваат за да им се помогне на родителите да станат свесни за потребата да научат родителски вештини кои докажано имаат позитивен ефект врз емотивниот, социјалниот и интелектуалниот развој, врз јазикот, како и врз физичкиот развој кај детето“, додаде Царовска во својата изјава.
Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Кампањата „И родителството се учи“, велат од Владата, отвора дискусија за овие теми, и за емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства и стресот врз детскиот развој.
„Кај децата кои доживуваат негативни искуства во раното детство постои поголема веројатност да имаат сериозни здравствени проблеми како возрасни, па поддршката на родителите не е само прашање на заштита и едукација туку е и прашање на јавното здравство“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче во својата изјава истакна и дека патронажните сестри, педијатрите и семејните лекари се во единствена позиција да им пружат поддршка на родителите и да ги посоветуваат не само за физичкиот развој туку и за емотивно-когнитивиот развој, затоа што и тие влијаат врз физичкото и менталното здравје на децата.
Истражувањето поддржано од Уницеф покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата. Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика, велат во соопштението од Владата и посочуваат дека кампањата ќе се осврне кон овој недостаток давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.

„Повеќето родители знаат дека тие се најважните учители на своите деца, но постои тенденција да се верува дека на децата треба да ‘им се одржи лекција’ за да научат. Преку програмите за родителство што постојат во училиштата, и образовниот систем, исто така, е посветен на обезбедување помош за родителите да научат позитивни родителски вештини“, рече Арбер Адеми, министер за образование и наука.
„Ова за нас е важна стратегија за подобрување на резултатите од учењето кај учениците и за да одговориме на појавата на насилство меѓу децата во и околу училиштата“, додава Адеми.
Поддршката за родителите да подигаат среќни, здрави и паметни деца е прашање на заштита на правата на децата да растат во заштитена семејна средина исполнета со љубов и разбирање, и придонесува кон развојот на човечкиот капитал, просперитетот и безбедноста во земјата.

„Кампањата ‘И родителството се учи’ е за кревање на свеста на родителите и на поширокото општество за негативните ефекти кои насилството, злоупотребата и запоставувањето ги имаат врз развојот на децата. Кампањата исто така обезбедува информации и подигање на свесноста за позитивно родителстов и пристапи и техники во подигањето на децата. На примарната одговорност во развирањето и почитувањето на детските права е пред сè кај родителите. Честопати, поради секојдневниот семеен притисок, социјалните проблеми и емоционалната напнатост, децата се тие што страдаат најмогу од насилство во семејството“, рече Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Ниедно дете не трба да расте во страв, посочи претставникот на Уницеф, Бенџамин Перкс, кој додаде дека стравот го ограничува и потенцијал за развој кај децата. „Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта – тогаш ние создаваме животен циклус на лична човечка поврзаност и просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества“, изјави Перкс.
Кампањата „И родителството се учи“ е дел од поширокиот напор поддржан од Уницеф за зајакнување на услугите и програмите за поддршка на родителите, и се спроведува како дел од регионалниот проект на Уницеф финансиран од ЕУ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост на Западен Балкан и во Турција“, соопштуваат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

