Македонија
(Видео) За еден час казнети 60 возачи во Струмица
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Струмица, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Струмица.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние коишто се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Струмица да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
„Само за еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени 60 санкции, пред сè за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Струмица ќе бидат презентирани утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Две објавени бомби чекаат реакција на ДКСК
„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство. Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена“, велат од СДСМ.
„Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сè е негово. Класичен пример на судир на интереси. На крај, следејќи ја трагата на парите се потврдува дека Томовски е донатор во ДПМНЕ.
Ете како власта преку стари криминални шеми испупува пари од Буџетот кои на крај завршуваат во белата палата.
Со факти, докази, аргументи овие два скандали се документирани целосно. Поднесена е и претставка до Државната комисија за спречување корупција.
Претседателот Филипче ја повика и европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија за расчистување на скандалот со ИПАРД. ДКСК и Јавното обвинителство треба да постапат веднаш, да отоврат предмети, истраги и да следува одговорност.
Сите што го прекршиле законот да одговараат. Антикорупцискиот тим на СДСМ започна и нова фаза во борбата против корупцијата и криминалните шеми на власта на ДПМНЕ и ние продолжуваме, следуваат нови бомби, нови докази. Работата се уште не е завршена“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?
„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор имаме прашање до ВМРО-ДПМНЕ: дали британските медиуми лажат“, прашуваат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ со техниката за препишување или по ново „copy-paste“ измислува оправдувања кои не поминуваат веќе ниту кај малите деца.
Фатени се во лаги, само фабрикуваат невистини. Кујната на лаги на ДПМНЕ не застанува.
Томовски нема одговор но затоа целото ДПМНЕ застана да го брани за скандалот со семејната фирма.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сите се негови и гледаме 5,3 милиони евра, 161 тендер за семејната фирма.
Па уште и нормално било да донира во ДПМНЕ, сите било нормално да донираат откако ќе свртат тендери и пари на граѓаните.
За злоупотреби со народните пари се оди во затвор не во партија.
Туку, да прашаме до каде се со одговорите за првата бомба и скандалот со 9 милиони евра за една форма со двајца вработени и основана лани? Зошто нема одговор?
ВМРО-ДПМНЕ на големо ги краде граѓаните додека Македонија ја претвораат во црна точка на Европла, додека коридорите европски не заобиколуваат а младите се иселуваат.
Но они претставуваат програма со 6 столбови „Ќациленд“, како Скопје 2014. Тогаш со стирпорт, а овој пат со шатори. Нив може да им текне за нови споменици од 600 милиони евра покрај тие шатори.
Велат нема мигранти а договараат 20 илјади фунти по мигрант. Еве ги чекаме да кажат дали Британците лажат? Нека одговорат. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)

