Македонија
(Видео) „Извештајот од банката за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи“, Лефков објави документ
„Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе знаела дека на лагата и се кратки нозете. Очигледно не знае, па тука сме да и го кажеме тоа. Бисера Антоанета лаже кога вели дека купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи од приватна картичка. Вистината е дека Бисера Антоанета купила куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со државни пари“, кажа Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е месечниот извештај за Виза бизнис картичката сопственост на Министерството за култура, издадена на име на Бисера Антоанета.
Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета на 26.10.2023 година со народни пари, од државната картичка си купила куфер Samsonite за 219 фунти.
Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета потрошила 89 фунти во Gift Galore London, од каде ги купила и плишаното мече и фудбалската топка.
Бисера Антоанета потрошила и 146 фунти во Gift Box London, од каде како што веќе објавивме не доставила никакви сметки и не знаеме какви подароци си купила.
Чорапите, хулахопките и помалиот куфер од 59 фунти Антоанета ги купувала со државни, службени пари во кеш, за што доставила сметки до сметководството со цел правдање на готовината која ја има подигнато.
Потенцираме, ова е извештај од банка доставен за клиентот Министерство за култура, Бисера Антоанета, за службена картичка. Овој извештај е доставен архивиран во министерството за култура, а го доставила лично Антоанета.
Бисера Антоанета фатена си инфлагранти, како со државни пари си купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи. За 4 дена за оваа намена се потрошени 700 фунти.
Напоменуваме, ова не е се. Ова е само првиот дел од серијалот скандали Бисера Антоанета. Утре продолжуваме со нов случај, и фрапантни докази како раскошно живееле Антоанета додека народот едвај врзувал крај со крај“, изјави Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

