Македонија
(Видео) Кавадарци доби зелен пазар по 60 години
По 10 месеци изведба, во Кавадарци денеска беше отворен градскиот нов зелен пазар.
Пазарот е изграден за првпат во општина Кавадарци по 60 години, истакна градоначалникот Митко Јанчев.
„Заедно со советниците и со граѓаните на општина Кавадарци успеавме овој зелен пазар за десет месеци како што кажав да биде изграден. И тоа на три нивоа, по 2.300 м2, со 140 паркинг-места, 170 тезги за пазарење соодветни по ХАСАП-стандард, и 18 места за продажба со 6 разни либертини во делот на риба, месо, млеко и млечни производи“, рече Јанчев.
На настанот присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој изјави дека пазарот ќе обезбеди пристојни и европски услови за луѓето кои што овде ќе работата, ќе ги продаваат своите производи и ќе обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

„Ги охрабрувам сите останати да го следат примерот на градоначалникот Митко Јанчев, на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коишто работат на дневна основна и ги реализираат ветувањата коишто беа дадени за време на предизборната кампања за овие локални избори и да ја оправдаат довербата којашто граѓаните ја дадоа и во првиот и во вториот круг“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

