Македонија
(Видео) Каевски: Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања
„Две години локална власт – 0 резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата што ја доби на локалните избори. Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања. Напротив, она што го ветуваа пред граѓаните кога им ја бараа довербата, не го реализираа. Нема проекти, нема развој, нема резултати. Една голема нула“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Дополнително, во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки. Речиси и да нема градоначалник од оваа партија кој не ги зголемил цените за данок на имот и до 300 %, за ѓубрарина, вода, комунални услуги.
Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ она што го ветуваа пред граѓаните не го испорачаа. Едно зборуваа кога бараа гласови од скопјани, а денеска друго, со еден збор – донесоа хаос. Во Скопје нема бесплатен градски превоз, клучното ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема модерен ниту еколошки транспорт.
Наместо модерно Скопје, хаос, нечистотија и смет. Истото се случува и во Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски целосно ги изневери граѓаните.
Ги нема ветените проекти од програмата. Нема нова поликлиника, која ја ветуваше, нема ново основно училиште, нема гасификација на училиштата. Спортскиот центар со базен не го направи, а салата „Расадник“ се распаѓа
Ѓорѓиевски, кој јавно го гледаме со скапи часовници, дополнително ја задолжи Општината, а со тоа и граѓаните. Идентично е во Гази Баба. За две години локална власт на ДПМНЕ, донесоа нов долг за граѓаните за 5 милиони евра.
Ништо од ветената програма не е остварено. Нема 4 нови градинки, нема 4 нови спортски центри, нема нови улици, нема нови 2 клучки на булеварот Александар Македонски.
Има нечистотија, ѓубре и диви депонии. Сите овие факти ја покажуваат поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

