Македонија
(Видео) Каевски: Градоначалниците на ДПМНЕ купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена
Нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
„Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена. Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари. Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку. Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра! Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?! Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ? Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните“, кажа тој.
На прес конференција го повика надлежното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат, да го испитаат целосно случајот.
„Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат. Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност“, заклучува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

