Македонија
(Видео) Каевски: Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, двојна победа на Ковачевски
На вонредните локални избори граѓаните испратија силни пораки дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги. Затоа на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев им се случи нов изборен пораз. Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување. ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој додаде дека кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа. ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотираше изборите, надевајќи се дека ќе пропаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови. Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега. СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово каде што има над 80.000 гласачи.
Каевски истакна дека се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните, а анкетите што ги нарачуваат се неточни и погрешни.
Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, сите деструкции на Мицкоски и Апасиев и сите нивни погрешни политики на штета на државата.
Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт, изјави Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

