Македонија
(Видео) Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, следува раст на платите во сите сектори
„Мерките и политиките на институциите предводени од СДСМ и во време на глобална криза даваат резултати, платите и пензиите растат, се отвораат нови работни места. Според последните податоци на државниот завод за статистика просечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето-плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година“, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
Тој почоси дека „во изминатите 4,5 години двојно ја зголемивме минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра. Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори“.
„Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита. Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто. Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари“, вели Каевски.
Тој смета дека „со одговорни и ефикасни економски политики, Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и истовремено обезбедува услови за динамичен и конкурентен развој економијата и отворање нови работни места“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

