Македонија
(Видео) Калеска-Ванчева: Спроведовме попис по речиси 20 години, тоа е успех за граѓаните и државата

Спроведовме попис по речиси 20 години, тоа е успех за граѓаните и државата, изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.
„Ние како пратеници на СДСМ од самиот почеток сме конзистентни дека пописот е неопходен и пописот конечно мора да се случи и можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години, за прв пат комбиниран попис којшто се спроведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен кога 99 % ќе бидат попишани тоа е резултат со којшто не можат да се пофалат ни многу развиени европски држави“, рече пратеничката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Едиствениот повикувачки број за итни случаи 112, се уште не е пронајдено, извести ЦУК.
Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат и помагаат во потрагата, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК..
Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. Во последното деноноќие, конкретно вчера, е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци, а и во и околу другите блиски села, од страна на роднини и пријатели (5-6 лица) на исчезнатото лице.
Претходниот ден (08 април) во потрагата беа вклучени 15 лица од коишто имаше и двајца вработени од РЦУК Штип, коишто доброволно се вклучија во потрагата.
Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. Инаку и жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, соопштуваат од ЦУК.
Македонија
„За шест месеци зголемување на платите од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници“, велат од Владата

„Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април“, велат од Владата.
„Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници кои ги создаваат идните генерации во државата.
Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Додека пак, матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, а стоматолозите на 22 проценти.
Службените лица во МВР кој се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти. За ова зголемување на платите на 12.000 полицајци од буџетот се обезбедени 800 милиони денари.
Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат за 46, односно 50 проценти“, се наведува во соопштението на Владата.
Македонија
„Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Продолжената рака на Заев, Филипче е човек со криминален багаж зад него. Филипче е човек кој има голем број на афери кои се поврзани со него. Филипче беше член на Влада и не одговараше за модуларната болница, за провизиите од вакцините, за Онкологија и други афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е дел од системот кој го уништуваше здравството изминатите години, а на грбот на граѓаните се богатеше.
Филипче е човек кој нема кредибилитет да биде политички лидер и е потрчко на неговиот ментор Зоран Заев. Филипче прави како што ќе каже Заев и тоа е се што треба да знаете за него.
Филипче не може да понуди ништо ново на политичката сцена, нема решенија на проблемите кои тој со Заев ги создадоа во Македонија. Филипче има политика на уништување на стандардот за живеење во Македонија.
Филипче е синоним за корупција и криминал. Филипче е завршена приказна за Македонија!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.