Македонија
(Видео) Кекеновски: Ќе побараме уставни промени за укинување на имунитетот на носителите на јавни фунции
„Покрај стратешките определби, ние како коалиција подготвивме и краткорочни приоритети со цел да докажеме дека прво сме сериозна коалиција и второ, сето тоа што ќе го ветиме, ќе го реализираме. Во првите триесет дена од нашиот избор ќе побараме ургентна промена на Уставот, односно уставни промени со коишто ќе го укинеме имунитетот на носителите на јавни фунции. Кога говорам за имунитет, говорам за имунитетот на пратениците, за имунитетот на претседателот на држава, на судиите и обвинителите, на членовите на републичкиот судски совет, советот на јавни обвинители и Уставниот суд. Значи единствено сметаме дека е реално имунитет да има претседателот на државата и посебно сметаме дека нема потреба да се кријат зад имунитет сите носители на јавни фунции, доколку си ја извршуваат функцијата совесно и чесно“, изјави Јове Кекеноски, кандидат на Единствена Македонија.
Тој вели дека ќе се заложи во првите триесет дена за укинување на енормните патни трошоци кои ги добиваат пратениците кои што доаѓаат од внатрешноста и на сите да им се принава патни трошоци во висина на автобуска карта на редовна автобуска линија.
„Понатаму, укинување на функцијата заменик-министер и заменик-претседател на Владата за спроведување на рамковниот договор од причина што рамковниот договор е одамна спроведен, меѓутоа од друга страна и се проширени неговите рамки, па од таму ќе се залагаме за негова ревизија. Трето, распуштање на Уставниот суд и нов состав и избор на нов составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега, партиски послушници кои реагираат на повик на оние коишто ги делигирале и коишто им дале поддршка во институциите.
Укинување на одредби од Изборниот законик кои протежираат бипартизам, наместо мулти партизам и секако укинување на одредбите што се однесуваат на техничката Влада на сто дена пред изборите.
И шесто, од овие краткорочни приоритети гарантираме дека најмногу за шеесет дена од од нашиот избор ќе ги изнесеме на површина сите нејаснотии и нелогичности кои се поврзани со носителите на власта како „Рекет 1” и „Рекет 2”, случајот „Империја” и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во овој случај. Ќе ги казниме сите виновници од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.
Исто така, во првите шест месеци од изборите ќе направиме генерално прочивствување на судството, Обвинителството и полицијата во смисла да го преиспитаме стручниот капацитет на сите овие носители на јавни функции. Понатаму, да го преиспитаме потеклото на имотот на судиите и обвинителите. Да ги преиспитуваме одлуките што тие ги донеле и секаде онаму каде што ќе се утврдат аномалии би требало да ја завршат својата функција и да сносат соодветна материјална и кривична одговорност. Преиспитување на стекнатиот имот на сите оние коишто биле на власт во последниве дваесет и повеќе години и конфискација на нелегално стекнатиот имот“, вели Кекеновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

