Македонија
(Видео) Кирацовски: Влезот во ЕУ и НАТО значи повеќе можности за младите
На 30-ти септември ќе донесеме историска одлука која се однесува на иднината, и која се однесува за доброто на идните генерации, на доброто на младите.Влезот во ЕУ и НАТО целосно ги отвора перспективите и нуди неограничени можности за младите.Со почетокот на преговорите, а потоа и со членството во ЕУ, младите од Македонија ќе бидат рамноправни со своите врсници од Европа, изјави Александар Кирацовски, пратеник во Собранието од СДСМ и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.
Според него, полесен пристап до стипендии и школарини, можности за пракса, обука и специјализации во земјите на ЕУ, слободно патување, дружба и размена на искуства и знаење од развиените држави се само дел од придобивките со членството во ЕУ.
,,За младите претприемачи тоа значи и слободен пристап на пазар од 500 милиони потрошувачи, додека за младинските организации значи и поголема соработка и креирање на квалитетни младински политики. Младите во Македонија ги препознаваат придобивките од членството во ЕУ и НАТО и затоа се силно определени ЗА европска Македонија. Младите луѓе први ги најавија промените и сега први ја најавуваат иднината во европска Македонија. На 30 септември, младите масовно ќе заокружат ЗА влез во ЕУ и НАТО и затоа ве повикувам сите да го следиме нивниот пример и на 30-ти септември сите заедно да заокружиме ЗА европска Македонија!”, изјави Кирацовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

