Македонија
(Видео) Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри
„Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец. Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе неможе нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот. Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост“, изјави Зоран Китанов, член на ЦО на СДСМ.
Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.
„Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.
Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

