Македонија
(Видео) Ковачевски ги пречека колегите од регионот и високите претставници од ЕУ и САД на лидерскиот состанок во Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски е домаќин на лидерски состанок посветен на планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, а на кој присуствуваат лидерите од регионот, како и високи претставници на ЕУ, САД и на меѓународните финансиски партнери.
За состанокот во Скопје пристигнаа лидерите од регионот: Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, претседател на владата на Република Албанија, Аљбин Курти, претседател на владата на Република Косово, Милојко Спаиќ, претседател на владата на Црна Гора, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Марко Маковец, заменик на генералниот директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи (EEAC), Џејмс О’Брајaн, помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.
Потоа, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан – 6, УСАИД, потоа Фондацијата „Отворено општество“, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.
Премиерот Ковачевски го оцени состанокот како значајна порака на поддршка на европскиот пат на нашата држава во клучни моменти за македонската европска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.