Македонија
(Видео) Ковачевски: Пратениците да бидат одговорни, избрани се од граѓаните и треба да работат за нив
Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работат за потребите и унапредувањето на животот на граѓаните, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Тој ги повикика пратениците од сите политички партии на одоговорно постапување во време кога Европа и светот се соочуваат со најголема криза од Втората светска војна чии последици се рефлектираат и кај нас.
„Пратениците мора да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работата за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните. Ова е можеби најкризната година после втората светска војна, а според она што го гледаме во моментов не очекува и најтешката зима со којашто се има соочено нашата генерација и генарациите пред нас.“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
СДСМ е партија којашто докажала дека секогаш низ дијалог ги носи своите политики, а тоа може да се види особено во мандатот на оваа нова влада, додаде претседателот Ковачевски.
„Јас кажав дека сум отворен и сум отворен и Владата е отворена, ако ги погледнете првите 100 дена од работењето на оваа Влада тогаш ќе заклучите дека сите одлуки кои се носеа, се носеа низ еден инклузивен процес. Би започнал со зголемувањето на минималната плата, таа се носеше низ инклузивен процес со сите синдикати, потоа зголемувањето на пензиите низ процес со сите здруженија на пензионери односно со најголемата асоцијација на пензионери, воведувањето односно подготовката на 26 анти-кризни мерки пакет тежок 400 милиони евра се направи низ инклузивен процес со сите стопански комори, со сите претставници на академската заедница со најеминантните економисти од државата. На тие консултации не дојдоа единствено двајца еминентни економисти меѓутоа членови на тела на ВМРО – ДПМНЕ, не дојдоа, не ја прифатија поканата да дојдат. Исто така во парламентот се одвива најнормална парламентарна дебата во која учествуваат сите политички партии. Јас имам дневни контакти со претставници на политички партии. Што се однесува до соработката во парламентот и вашето прашање во однос на најавите на опозицијата. Јас, кажав вчера и пред тоа дека се работи за неодговорен односно, инфантилен однос од страна на претседателот на опозицијата кој врши мобинг на неговите пратеници да блокираат во Собрание нешто што не треба да се блокира. Собранието треба да претставува место каде се носат закони, каде се унапредуваат закони. Тие закони се носат за граѓаните и компаниите кои ја унапредуваат оваа држава. Само како пример, веќе има во Собранието неколку закони коишто се подготвени на барање на инвеститори како што е инвеститорот каде што сме денес коишто го унапредува неговото работење и којашто законска измена ќе им овозможи забрзување на нивниот производен процес и на логистичките процеси и ќе ја зголеми нивната продажба, а тоа ќе значи зголемување на бројот на работни места и секако зголемување на платите на постојните вработени“ рече Ковачевски.
Со блокирање не се прави штета на Владата, на Собранието, туку се прави штета единствено на компаниите и на граѓаните на државата рече претседателот Коваевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

