Македонија
(Видео) Ковачевски се поклони пред спомен-плочата на Светите Кирил и Методиј во Рим
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со македонската делегација која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен-плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј бидејќи во неа папата Адријан Втори во 868 година ги осветил донесените книги што светите браќа ги подготвиле за да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи.
„Во оваа базилика на ‘Санта Марија Маџоре’ папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ“, гласи текстот во чест на Свети Кирил и Методиј, што на македонски јазик, заедно со италијанскиот, е испишан на спомен плочата поставена во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.
Во деветтиот век базиликата „Санта Марија Маџоре“ била времено седиште на римскиот папа сè додека папската резиденција не била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

