Македонија
(Видео) Ковачевски: Со единицата Тигар нашата земја има подготвен и функционален систем за национална безбедност
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на свеченоста по повод одбележување на денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „САЕ – ТИГАР“.
Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека оваа свеченост е во чест на значаен ден од историјата на нашите безбедносни единици, и дека Специјалната антитерористичка единица денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал.
„Припадниците на оваа единица се олицетворение на професионалност. Единицата Тигар, како колектив е збир на максимално посветени, врвно обучени поединци, со максимална храброст и подготвени да се спротивстават на секој предизвик кој може да биде закана за безбедноста на земјата и граѓаните“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.
Тој дополни дека со нашето членство во НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Северна Македонија го адаптираше воено-безбедносниот систем според стандардите на НАТО и дека во таков систем според највисоките стандарди на алијансата, свое значајно место има и Специјалната антитерористичка единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини.
„Специјалната антитерористичка единица е гарант на еден од приоритетите на нашата држава како што е борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам. Тој приоритет ја вклучува заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја“, посочи премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека е уверен дека Специјална антитерористичка единица – Тигар ќе го продолжи да биде високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба за заштита на мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на нашата земја.
„Вие и вашата едница испраќаат силна порака дека Република Северна Македонија има добро подготвен и функционален систем за национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на свеченоста по повод денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „САЕ – ТИГАР“, со честитките во име на Владата и на граѓаните на нашата земја им посака успеси во извршување на задачите на припадниците на оваа формација.
Министерот Оливер Спасовски во неговото обраќање укажа дека Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, од аспект на професионализмот и стручноста на нејзините припадници, претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Република Северна Македонија, како еден од есенцијалните сегменти на елитните структури на министерството.
„Не само декларативно, туку и конкретно тежнееме кон динамична модернизација на безбедносниот сектор, а сите наши заложби, безусловно, се свртени кон негово сеопфатно реформско развивање. Како една од најсложените во безбедносната структура на Министерството се грижиме секогаш да биде целосно подготвена, крајно ефикасна и остручена, технички и кадровски опремена до перфекција, а сето тоа во име на Специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење“, нагласи Спасовски.
Министерот Спасовски уште додаде дека „САЕ – ТИГАР“, како високопрофесионална единица, стандардизирана на ниво на стручни перформанси, на оперативна моќ и ефикасност, е на исто рамниште како и останатите истородни полициски единици во Европа и во светот, а нејзините припадници, човечкиот капитал на оваа единица.
Во своето обраќање на свеченоста, командантот на „САЕ – ТИГАР“, Митко Даневски упати порака, дека Специјалната антитерористичка единица, во изминатиот период беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи го мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

