Македонија
(Видео) Ковачевски: Со зголемена минимална плата и пензии го поттикнуваме растот на животниот стандард
„Целта на оваа Влада е животниот стандард на граѓаните да расте. Затоа, создаваме услови за одржлив раст како на минималната, така и на просечната нето-плата, а воедно се подготвуваме да отвориме дијалог за раст на пензиите“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјавата за медиумите по повод посетата на текстилната компанија „Текспорт“, која повеќе од 20 години работи во земјава.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, кој за време на посетата на оваа компанија беше придружуван од министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, изрази задоволство што од март годинава, 80.000 работници, наши сограѓани ќе земаат минимална плата од најмалку 18.000 денари, што е двојно повеќе од онаа во 2014 година.
„Ова зголемување значи дека дел од вработените и тука во оваа компанија ќе имаат повисока нето-плата за околу 45 евра, а државата е тука за да помогне во реализација на законското решение, со субвенционирање на делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот за сите засегнати страни“, нагласи премиерот Ковачевски.
Тој дополни дека со отворен дијалог се постигна историски договор за раст на минималната плата, како и методологија со која таа континуирано ќе расте.
„Дефиниравме дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума“, посочи претседателот на Владата Ковачевски и дополни дека верува дека решението за раст на минималната плата од 18.000 денари ќе влијае позитивно и на останатите плати во другите индустрии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

