Македонија
(Видео) Ковачки: Владата веднаш да го објави Протоколот
СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Од таа причина, како што вели Ковачки, тие и го кријат протоколот со кој „се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме“.
„Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите. Владата е должна да го објави протоколот. Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено. А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски“, рече Ковачки.
Тој смета дека Ковачевски ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат нешто што е во спротивност на македонските национални интереси и закони.
Пратениците на СДСМ, рече Ковачки, се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси.
Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции и промена на Устав – не доаѓа во предвид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

