Македонија
(Видео) Ковачки: Дали кланот Зајас преку „Соравија“ ќе вади милионски профити?
Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на „Соравија“ и како е извршена трансакцијата, прашува Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали внукот на Ахмети, покрај тоа што не платил ниту денар за ‘Соравија’, не платил ниту денар на име данок на промет? Според тоа што го објавија медиумите, во нивните истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука, Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива?“, вели Ковачки.
„Истовремено, мора да се нотира дека се лага тврдењата и сликата што сакаат да ја создадат Ахмети и други инволвирани во случајот дека ‘Соравија’ е загубар со големи кредити.
Од достапните информации може да се заклучи дека за две години деловниот центар ‘Соравија’ остварил добивка од речиси 2 милиона евра. И сето тоа кога тој не е целосно искористен. Деловниот центар ‘Соравија’ е голем објект, кој има голем неискористен простор. Оттука, логички се поставува прашањето дали во него ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи? Дали кланот Зајас преку ‘Соравија’ ќе вади милионски профити?“, додава Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





