Македонија
(Видео) Ковачки: Заев поднесе оставка за да не биде прифатена

Oставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност, коментира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека оставката на премиерот сè уште не е доставена во Парламентот.
„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување одговорност“, рече Ковачки.
Според него, СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Вели дека она што сега го прави СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите. Ковачки порача дека Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана, па затоа е време за промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)