Македонија
(Видео) Ковачки: Како Ковачевски има сертификат за пристап до државни тајни кога е трајно неспособен?
„Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се’ уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок. Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер“ порача Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се’ уште е на функцијата“ рече Ковачки.
Тој порача „дезертерот Ковачевски да не бега и да не се крие. Да си поднесе оставка веднаш, а институциите да поведат постапки за него со цел утврдување на неговата состојба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

