Македонија
(Видео) Ковачки: Од автоматско оружје пукаат и други лица во присуство на челници на СВР Битола, оружјето не е најдено, ниту сите пукачи се повикани во полиција
„Оливер Спасовски мора итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи. Денеска ќе објавиме втор дел од видеото, на кое се гледа дека не само командирот туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово. Автоматското оружје од кое е пукано сѐ уште не е пронајдено“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица. Со цел да се забошоти случајот со предизвикување општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили што пукале со автоматско оружје, кое сѐ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице што мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? Службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице што можеби и не е полицаец?
Според информациите доставени до нас од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен по неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и тој да се забошоти“, рече Ковачки.
„Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и ова лице, наместо да го спречи или пријави настанот, го прикрил!
Сакајќи да ги покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници, откако реагираа постфестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.
Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија. Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните“, додаде Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

