Македонија
(Видео) Костадинов: Протестите потврдуваат – пионот Мицкоски го брани криминалот на Груевски
Единствениот фокус на антизападниот пион Христијан Мицкоски останува одбраната на криминалот на Никола Груевски.Протестите пред Судот во Скопје и собирите пред домови на пратеници, организирани од антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тоа, ја покажуваат спрегата Мицкоски-Груевски. На протестот пред судот неслучајно беа присутни пратеници и членови на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Според него, Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Невенка Стаменковска, Зоран Илиоски, се само дел од функционерите на антизападната ВМРО-ДПМНЕ кои синоќа го бранеа криминалот на нивниот ментор Груевски.
,,Протестот беше предводен од Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од обвинетите во случајот насилство во Општина Центар, предмет каде што меѓу обвинетите е и Никола Груевски.Со синоќешните протести пред домовите на пратениците се докажа дека ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се далбоко заглавени во матрицата на Никола Груевски.Пионот Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој цели 11 години се служеше со овие идентични методи.
Наместо за иднината на државата, наместо за интересите на граѓаните, Мицкоски мисли исклучиво на иднината на Никола Груевски. Затоа Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО.Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека нема да можат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Никола Груевски.Правда ќе има. Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.Ги повикуваме и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие деструктивни политики и да се приклучат во процесите во Собранието кои обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО”, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

