Македонија
(Видео) Костадинов: Спрегата меѓу Мицкоски со криминалите на Груевски излезе на виделина
Спрегата на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со криминалите на Никола Груевски излезе на виделина. Јасно е зошто антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски бегаат од јавноста за шемите со компанијата во која има удел Мицкоски и како добивала тендери од владата на Груевски додека бил негов советник, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој посочи документ што покажува дека покрај антизападниот пион Христијан (Хидро) Мицкоски, удел во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје има и Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Тоа е истиот Димитар Димовски, некогашна десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого денеска се водат многубројни судски процеси.
Дали молкот на антизападниот Мицкоски се обид да ги скрие врските со Миле Јанакиески? Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, има земјиште од над 14 илјади квадратни метри во општина Берово. Прв сосед на Димовски е токму Миле Јанакиески, кој има парцела од над 16 илјади квадратниметри. Двете парцели, од 30 илјади квадратни метри, порано биле сопственост на Република Македонија“, рече тој.

Според Костадинов, спрегата помеѓу Груевски и неговиот соработник Јанакиески со актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски е потврдена.

,,Заглавени во сопствената изолација, ова антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени. Ова е уште една силна причина другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесите што обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

