Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник – 8 Септември
ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста. Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон Денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да сее омраза и да поттикнува насилство.
„Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Австралија.ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти. Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува деструктивно, на штета на граѓаните и државата.
Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза помеѓу граѓаните и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО. Полека но сигурно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се претвораат во грчката Златна зора.
Наместо да се приклучат кон процесот за обезбедување сигурна иднина за земјата тие разгоруваат национализам и потхрануваат лажни очекувања кај своите гласачи. Ниту Мицковски, ниту Груевски не можат да ги вратат процесите назад.Тешка лага е дека ќе го поништат преспанскиот договор. Така зборуваа и за времената спогодба, па не само што ја прифатија, туку и ја прогласија за дипломатски триумф. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација. Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

