Контакт

Македонија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и преку собраниските комисии

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, освен законите што се наоѓаат на пленарни седници, ги кочи и законите што се распределени во комисиите, онаму каде што оваа партија има претседатели, тоа покажува дека единствена задача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е да кочат сѐ што е во интерес на граѓаните, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, во одговор на новинарски прашања.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно кочи сѐ во Собранието. Зошто е важно да не се дојде и да се гласа на дневниот ред, каде што има точки кои тие барале да бидат на дневен ред, меѓу кои се и двете нивни барања за интерпелации? Тука не се само тие точки на дневен ред, тука се и автентичните толкувања, исто така поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, и не е проблем функционирањето само во рамките на пленарните седници. Што правиме во комисиите што во согласност со методологијата ги водат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и како претседатели, но и како заменици на комисиите? Токму таква е Комисијата за финансирање и буџет. Зошто се кочат закони, како, на пример, законот за заем за модернизација на земјоделството, како тие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што доаѓаат од Ресен, Струмица или од тие региони ќе се оправдаат пред граѓаните дека кочат закон каде што се предвидува изградба на регионални откупни пунктови, кои се важни за луѓето што се занимаваат со земјоделство од овие региони“, порача Костадинов.

Костадинов истакна дека сите опозициски партии во Собранието се посветени на блокада на работата на парламентот дејствувајќи директно на штета на граѓаните што ги избрале повикувајќи ги да се откажат од намерите за деструкција.

„Да, и јас ќе ја искористам оваа пригода, ја искористи и претседателот на Собранието да повикаме на разум затоа што и при креирање на Уставот и на Деловникот ниту еден пратеник не можел да претпостави дека ќе имаме опозиција таква каква што ја имаме сега, која ќе кочи закони за поддршка на законите затоа што ова никогаш не се случувало во државата и не би требало да се случува доколку имавме разумна опозиција. Што се случува сега? ВМРО-ДПМНЕ и Левицата поднесуваат амандмани за законот за државјанство и за таа цел Алијансата и Алтернативата се договараат да кочат сѐ што во Собранието е важно за граѓаните. Ова не алудира на ништо, освен договор помеѓу опозициските партии, мислејќи и на ВМРО-ДПМНЕ, Левицата, Алијансата и на Алтернативата, за кочење на важните процеси во Собранието, што е срамно, жално и погубно за нив.

Костадинов оцени дека сето ова што опозицијата, а првенствено ВМРО-ДПМНЕ, го прави во Собранието, ќе се одрази и на следните локални избори.

„И, политички, многу е лесно да кажам – да, со сигурност тоа ќе се одрази на наредните локални избори, но што правиме сега. Сметам дека редно време е да се издигнеме над партиските интереси, да се ставиме во функција на граѓаните, во функција на оние што седиме овде и земаме плата или нека излезат и нека дадат одговор. Доаѓаат во сала, се потпишуваат на листата за присутни и си одат. Сме немале кворум затоа што сме имале позитивни и болни пратеници, имаме и веројатно дека ќе продолжиме да имаме, тоа не можеме да го предвидиме“, порача Костадинов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.

Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Објавено пред

Од

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.

dobivaj vesti na viber

„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.

Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.

„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Објавено пред

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.

dobivaj vesti na viber

„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.

Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.

Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа55 минути

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 час

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион2 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет2 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија2 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија2 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија3 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет4 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет4 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион5 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион6 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија18 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија19 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија20 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија22 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија24 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија1 ден

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија1 ден

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...