Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција

Со блокадата на законот за одбрана Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го загрозуваат остварувањето на нашиот сон – членството во НАТО, нагласи Костадин Костадинов од СДСМ на денешната прес-конференција
Партискиот портпарол посочи дека со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да се испровоцира ново вето од Грција.
„На Мицковски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им пречи уставното име Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, но не им пречи кога во Европската народна партија се впишани како партија од Република Северна Македонија. Им пречи уставното име дома, а не им пречат уставното име и преспанскиот договор надвор при службени посети и средби“, рече Костадинов и јавно запраша кој е всушност ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставното име на нашата држава.
Тој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат законот за одбрана затоа што тој е важен и за нашето членство во НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски се прочитана книга. Казната за нивната деструктивна и лицемерна политика ќе дојде многу бргу. Граѓаните се определија за членство во НАТО и брзи евроинтеграции“, додаде портпаролот на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.