Македонија
(Видео) Костадинов до Мицкоски: Нема да ги одбраниш криминалите на вашите тајкуни
Мицкоски доживува тотално фијаско. Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и, замислете, пробуваат да ги претстават како жртви, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Според него, она што беше јасно од самиот почеток, со денешната прес-конференција Христијан Мицкоски го потврди.
„Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, ‘Империја’, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва. Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот. Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот ‘Рекет’.
Сега треба отворено да излезе пред јавноста и да даде одговори со кои две лица кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато? Што примил Христијан Мицкоски на рака? Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта? Дали се сретнал со тајкунот осомничен во случајот ‘Империја’ и зошто?”, рече Костадинов.
Според него, најавите на Мицкоски за некакви протести не се ништо друго туку последен обид за одбрана на криминалот на режимот, поттикнат од неговиот шеф Никола Груевски.
„Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема. Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски едноставно ги нема. Сè што прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е само ширење лажни вести од белиот дворец, скапо платени од парите на граѓаните. Исти такви протести ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате дека најавуваше и пред претседателските избори, се одржаа неколку и ги снема. Немаше поддршка од граѓаните и на крај остана сам со Јанко Бачев. Истото почитувани ќе биде и сега. На Христијан Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака – нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни. Секој којшто се огрешил пред законот, од прв до последен ќе одговара”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

