Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски бара одлагање на изборите во Штип зашто знае дека ќе изгуби
Барањето за одлагање на предвремените локални избори во Штип е само затоа што Христијан Мицкоски сака да ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ и знае дека повторно ќе загуби, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница“, посочи Костадинов.
Тој додаде дека самиот Мицкоски е најголема закана за јавното здравје.
„Изборите ќе бидат стопроцентно безбедни по јавното здравје. Она што не е безбедно по здравјето на граѓаните се протестите на ВМРО-ДПМНЕ, како и нивните активности во Парламентот, спротивни на протоколите“, кажа партискиот портпарол додавајќи дека за ваквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ следува нова казна од граѓаните.
Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, беше именуван за министер за транспорт и врски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

