Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски не сака правда, сака да се уништат предметите кои се водат против функционери на ВМРО-ДПМНЕ
„Христијан Мицкоски продолжува отворено да се противи на Законот за јавно обвинителство кој има за цел да ги зајакне капацитетите на правната држава. Лажно и лицемерно е тврдењето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се за наводно подобрено решение на законот. Лажат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат воопшто никаков закон за Јавно обвинителство“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Според него, тоа го покажале уште во првата работна верзија, а тоа го покажуваат и денес.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски наводно сакаат нов закон за Јавно обвинителство, а прават сè за таквиот закон да не биде донесен. Јавната дебата во Собранието е најголема потврда за тоа. Поставија услов на неа да се појави и државниот јавен обвинител, а само што тој започна со излагањето, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонио Милошоски правеа циркузи во Собрание. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат правда, бегаат и не сакаат одговорност, затоа прават сè предметите и истрагите на СЈО кои се водат против функционери на опозициската партија да бидат уништени. Да нема ништо од предметите кои се водат против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е првото, последно и единствено барања на Христијан Мицкоски и целото тоа раководствот на ВМРО-ДПМНЕ сместено во белиот дворец.
Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства. Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем којшто всушност треба да биде независен.Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај, а со тоа и бегање од кривичната одговорност на сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.Секое договарање и амнестирање на одговорноста на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ѝ штети на државата затоа што се загрозува европската перспектива и јавната доверба во правниот систем.СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да, таа од ден на ден станува сè поголема, во корист на правдата и иднината на државата и граѓаните.Таа разлика ќе се потврди и на 12 април кога граѓаните преку поддршка на политиките на СДСМ ќе поддржат правда, сигурност и европска иднина, наместо режим, неказнивост и изолацијата што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

