Македонија
(Видео) Костадинов: Неприфатливо е осомничени да ја разгледуваат работата на СЈО
„Ставот на СДСМ и програмска определба на СДСМ е една изборна единица и отворени листи. Знаете дека мораме да разговараме, дискутираме и да дебатираме и со меѓународни експерти, но и овде во рамките на Собранието со сите колеги пратеници во однос на таа иницијатива, тоа е нивно демократско право можат да ја поднесат, секако за волја на вистината уште ја немаме видено иницијативата, секако ќе оставиме можност во рамки на пратеничката група, во рамки на Собранието да ги разгледаме сите позитивни и негативни страни од таквиот модел и секако конечно со консензус да донесеме одлука затоа што знаете во однос на изборниот законик потребен е консензус во Собранието”, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ во врска со новинарското прашање за иницијативата од група пратеници за измени во изборникот модел, дали ќе ги прифатат како партија нивните барања и каков е ставот на СДСМ околу измените на изборниот модел дали е прифатливо да има една изборна единица.
Во однос на работните групи за промена на изборниот модел, тој вели дека во последниот период фокус беше ставен на законот за Јавното обвинителство, но верува дека во најскоро време ќе почнат и работните групи коишто ќе треба да дискутираат на темата на изборниот законик.
ВМРО-ДПМНЕ денеска информираше дека ќе покрене иницијатива за формирање активна комисија за незаконско, нестручно и несовесно работење на СЈО, како основа на разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева во саботата. На прашањето дали СДСМ ќе даде поддршка за формирање на таква комисија, Костадинов вели: ,,Антонио Милошоски, човек осомничен во предмет на СЈО, сака да ја разгледува работата на СЈО. Лично за мене, е сосема неприфатливо. Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да си ги амнестираат криминалот и криминалците во нивните редови. Едно нешто можам со сигурност да им порачам, дека како што не успеаја да ги спречат предметите на СЈО да пропаднат, исто така нема да успеат да се спасат од одговорност. Нашиот став е сосема јасен, одговорност за секој којшто се огрешил пред законот, без разлика на неговата партиска, политичка, етничка определба, одговорност мора да има и одговорност ќе има. Тоа важи и за раководството и на ВМРО-ДПМНЕ и сегашното и претходното, но и за нивните тајкуни коишто се појавија за време на нивното 11-годишно владеење”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

