Македонија
(Видео) Костадинов: Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ ја блокира собраниската дебата
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување во Собранието, кочи важни закони, работи на штета на граѓаните и на штета на демократските процеси во државата. Во еден ден ВМРО-ДПМНЕ поднесува илјадници амандмани на повеќе законски предлози со единствена цел – да ги блокира реформските процеси“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Според енго, ВМРО-ДПМНЕ со над 970 поднесени амандмани сака да го блокира предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да обезбеди заштита за криминалот што го правеа функционерите од оваа партија и да спречи какви било реформи во судството.
„Поднесоа на 4.000 амандмани за предлог-законот за јавнообвинителската служба, со што ги загрозуваат доказните матријали во процесите што се водат против нив. Ете кој е против правдата, се покажува на дело, тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Тие се против секоја реформа во правосудството. Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и собраниската дебата за измени на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ е против еднаквост на мажите и жените, против отворените листи“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

