Македонија
(Видео) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ е партија на лицемери и насилници, но нема да ја спречат државата да оди напред
Последните случувања во Собранието јасно покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на блокатори, лицемери и насилници. Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа дебата за францускиот предлог, а кога предлогот стигна овде во Собранието, кога по него треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира. Палат хартии, свират, врескаат, се закануваат само со една цел – народот да на ја чуе вистината, а тоа е дека со последниот предлог имаме чиста формулација на македонскиот јазик и историски прашања надвор од преговарачкиот процес, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Тој додаде дека ова е срамно, недолично однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Каде мислат дека се наоѓаат? Собранието не е местен комитет на партијата, туку највисок законодавен дом.
Костовкси прашува дали ова е партија што наводно е за интеграција во ЕУ? Наместо дебата, аргументи, тие го резилат Собранието, ја резилат државата пред високи претставници на ЕУ и пред целата европска јавност.
Костовски истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ниту ги интересира ЕУ ниту сакаат во ЕУ, тие сакаат да се вратат назад во времето на Груевски, да нè затворат назад во минатото, да нè заробат без иднина и без припадност на Европа. Со почетокот на преговорите државата оди напред, нема враќање назад во режим и изолација и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се нервозни и уплашени.
ВМРО-ДПМНЕ ниту може ниту сака да ја води државата напред затоа што не сакаат дебата, затоа што додека ЕУ вели дека јазикот и идентитетот се заштитени, тие палат хартии во Собранието, фрлаат јајца врз објектот, додека ЕУ вели сакаме да ве видиме внатре во Унијата, тие велат – не.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени дека остануваат на спротивната страна од државните интереси одбработувајќи за туѓи центри на моќ на штета на интересите на граѓаните, изјави Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

