Соопштенија
(Видео) Крајно време е Филипче да облече бел мантил, порача опозицијата

Крајно време е министерот за здравство Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден. Не случајно мантилот е за еднократна употреба. Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други“, рече Андоновска.
Таа праша колку време може да работи министерот со мантил за еднократна употреба, а тоа да не се само прес конференции.
„Венко треба да облече бел мантил и да ги праша матичните доктори и стоматолози со какви проблеми се соочуваат и како да им се помогне! Венко треба да облече бел мантил и да ги прошета сите болници, но не тоа да биде изглумено само за ПР, туку за да ги нотира недостатоците на системот и веднаш да пристапи кон негово реорганизирање! Девет месеци поминаа, зошто не стори ништо?! Венко да облече бел мантил и да обезбеди протоколи за лекување, како и соодветна терапија! Венко да облече бел мантил и да обезбеди без застој да се одвиваат прегледи и интервенции за сите останати заболувања кои се од витално значење за луѓето. Венко да облече бел мантил и да нема вратен пациент од болниците. Но не само обезбедување на кревет, туку и соодветна нега, навремена терапија и достоинствено лекување. Венко да облече бел мантил и да го вработи квалификуваниот медицински кадар, кој во овие моменти е неопходен. Венко да облече бел мантил и да ги слушне барањата на хронично болните, специјализантите, вработените во брза помош, семејствата кои молат за здравје и сите оние кои добронамерно му се обраќаат со предлози за надминување на оваа тешка ситуација во која што не втурна тој“, рече Андоновска.
Додадва дека е срамота е и крајно безобразно да вели дека се е под контрола, а од друга страна луѓе умираат чекајќи брза помош, молат за кислород, за терапија или за прием во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Угринска: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Угринска, најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.
„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“
Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.
„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.
Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.
„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, Ана Угринска.
Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до црквата „Св. архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.