Македонија
(Видео) Кузеска: Антикризни мерки за помош на над 200.000 граѓани
„Владата и институциите лредводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни мерки за справување со последиците од економската и енергетската криза. Донесен е пакет антикризни мерки од над 350 милиони евра, пари со кои ќе се помогнат граѓаните во време на економска криза. Над 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои примателите на гарантирана минимална помош, пензионери со ниски пензии, самохрани родители, стечајци, ќе добиваат финансиска поддршка во следите четири месеци“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Кузеска посочи дека „се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена“.
„Наскоро ќе биде објавен и пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни продукти, како леб, масло за јадење и слично. Во време на најголема светка економска криза, никој нема да биде оставен сам. За неполна година, Владата предеводена од СДСМ обезбеди мерки за помош во вредност од над 750 милиони евра, што е најголем обем на помош како процент од БДП споредено со останатите земји од Западен Балкан“ вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

