Македонија
(Видео) Кузеска: ЕБОР ја демантираше Арсовска, БРТ е издржан и еколошки проект
“Градоначалничката Данела Арсовска во првите месеци од мандатот не работи ништо освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани. Нејзините лаги околу оправданоста на Бас рапид транзит системот се директно демантирани и од Европската банка за обнова и развој која одобри средства за финансирање на овој проект”, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа додаде дека главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа, истакнуваат од Европската банка за обнова и развој за БРТ системот.
Според СДСМ, стопирањето на овој проект од страна на Арсовска заради лични хирови, не само е на штета на градот и скопјани, туку директно го поткопува меѓунардониот углед на Град Скопје.
Арсовска кончено треба да почне да работи и наместо да ја партизира градската администрација, да ги продолжи проектите оставени од претходниот градоначалник, а кои се во насока на забрзан развој на градот.
“Арсовска доби доверба да ги решава проблемите и да реализира проекти, а не да поништува проекти”,изјави Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

