Македонија
(Видео) Кузеска: Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски

„Се уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин е веќе пукна нов скандал. Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра.
Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето? Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски.
Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин. Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки.
А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале. Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е. Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.